Бизарна традиција во 21 век: Свекорот ја „проверува“ невестата дали е девица

unsplash

Анонимна девојка споделила на форумот Редит стравично искуство.

„Моето момче ме запроси пред 8 месеци. Се одлучивме за мала венчавка која требаше да се случи за два дена. Сите подготовки одеа одлично, тој беше прекрасен и се сакаме повеќе од кога и да е.

Јас сум девица, исто како и тој, па изрази желба да се „чуваме“ за првата брачна ноќ. Се согласив со него. Меѓутоа ми рече дека неговото семејство планира да провери дали сум невина. Умрев од смеење на тоа зашто навистина звучеше како шега. Но, се испостави дека е вистина.

Како што неодамна ми објасни, јас треба да учествувам во нивната церемонија во која неговиот татко ќе ми ги рашири нозете и ќе ме „провери“, а сè ќе набљудуваат вујко му и браќата на моето момче, за сите да бидат сведоци дека сум „чиста“.

Му реков дека нема шанси да учествувам во тоа, а тој ме проколнуваше да се согласам зашто тоа е традиција и дека мора да се испочитува. Ми рече дека е свесен дека тоа е срамно за мене, но и дека неговата мајка поминала низ истото и дека така ќе докажам дека го сакам. „И така нема што да криеш, девица си“, ми рече. После тоа се разделивме, а јас цела ноќ ја поминав во солзи.

На граница сум да ја откажам венчавката и никогаш да не прозборам со него. Меѓутоа го сакам и навистина мислам дека сме совршени еден за друг и не сакам никој друг.

Што да правам? Во моментов сум кај другарка ми, утре е последен ден пред нашата венчавка и во вистинска паника сум“.

Корисниците на Редит се згрозени од неговото барање и сите ѝ пишуваат на девојката да ја откаже целата венчавка.

Девојката следниот ден се вратила на форумот со нови вести.

„Утрово зборував со него и му реков дека не доаѓа предвид татко му да ме „прегледа“ и дека ќе мора да го почитува тоа. Тој рече дека тоа мора да се случи и одеше дотаму што ме обвини дека не сум невина. Се обидов да бидам смирена и да пристапам рационално, но тој беше неразумен и сето тоа прерасна во голема расправија. Му реков ако навистина ме сака би бил покрај мене и би му рекол на татко му дека тоа не доаѓа предвид. На тоа ме удри и ми рече дека не е должен ништо да ми докажува.
Во тој момент го оставив. Сега дојдов кај другарка ми, нарачавме пица, јадеме и пиеме.

Ви благодарам на сите за одговорите“, напишала девојката која после ова ја напуштила дискусијата на форумот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот