Бизарна среќа во несреќа: Американец бил проголтан од кит кој по скоро една минута го плукнал

printskrin insta + unsplash - slika kit

Еден бизарен настан му се случи на 56-годишен ловџија на јастози во Кејп Код, Масачусетс. 

Имено, искусниот нуркач Мајкл Пакард бил проголтан од кит и бил во внатрешноста на китот скоро една минута, пишува „Cape Cod Times“.

Одеднаш почувствував огромен притисок и сè околу мене стана црно“, се присети Пакард во петокот попладне откако беше пуштен од болницата Кејп Код во Хјанис.

Можев да почувствувам дека се движам и одеднаш почувствував како китот ги стиска мускулите во неговата уста“, раскажува тој.

Првично, Пакард мислел дека е во голема бела ајкула, но тој не можел да почувствува заби и не претрпел очигледни рани. Брзо се сфатил дека е проголтан од кит.

Бев целосно внатре, беше тотална темница“, раскажува Пакард. „Си помислив, нема шанси да излезам од тука. Готово е, мртов сум. Само помислив на моите синови – тие имаат 12 и 15 години“.

Мајкл имал опрема за нуркање и се борел внатре во китот почнал да ја тресе главата. Тој проценил дека бил во китот 30 до 40 секунди пред китот конечно да го плукне.

Видов светлина, и китот почна да ја фрла главата настрана, и следно на што се сеќавам беше дека сум надвор (во вода)“, рече Пакард, кој живее во Велфлит.

Јосија Мајо, колега на Пакард, го видел китот кога излегол на површината и го исфрлил Пакард. Мајо повикал брза помош и Мајкл бил пренесен во болница, каде лекарите откриле оштетување на мекото ткиво на ногата. Пакард вели дека генерално се чувствува добро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Newslink7.com (@newslink7com)

Врз основа на опишаното, китот направил грешка“, вели Џуки Робинс од Центарот за крајбрежни студии во Провинстаун.

Китовите не се агресивни животни, особено кон луѓето. Веројатно станува збор за млад кит. Кога китот ќе ја отвори устата за да се храни, устата му го блокира видот, поради што многумина се заплеткаат во мрежи“, објасни таа.

Езофагусот кај овој вид кит е премал за да може да проголта човек, но тие можат да ги држат во устата и да ги исфрлат. За разлика од орките, китовите кои филтрираат мали риби не предизвикуваат повреди со устата. Тие претежно ги користат нивните опашки“, рече таа, додавајќи дека никогаш не слушнала да се случи вакво нешто и дека веројатно човекот се нашол во погрешно време на погрешно место – пред устата на кит кој бара храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот