Бизарна смрт за жител на Скудриње

Вчера некаде околу пладне било пријавено дека во село Скудриње, починал И.Е.(57) од истото село.

Причината за неговата смрт настанала откако тој бил поклопен од камион „Там“ (негова сопственост) кој се придвижил, откако претходно сега веќе починатиот го паркирал со намера да истовари стока во касапница.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот