БИЗАРНА СМРТ ВО РЕСТОРАН ВО САД: Расправија околу сендвичи се претвори во убиство со нож

Фото: Принтскрин/CNN

Маж беше избоден до смрт во ресторан во сојузната американска држава Мериленд, откако започнал расправија за еден од сендвичите на ланецот за брза храна „Попајс“, информираше полицијата.

Жртвата, 28-годишен маж, бил прободен пред ресторанот, кадешто чекал на ред за да земе пилешки сендвич. Додека чекал, тој започнал расправија со уште еден маж, а судирот се префрлил на улицата. Полицијата верува дека расправијата започнала поради тоа што некое од лицата се обидело да земе сендвич преку ред.

– Ова е многу тажен и трагичен ден – рече портпаролката на локалната полција Џенифер Донелан.

Полицајците кои пристигнале на местото на несреќата се обиделе да му го спасат животот на прободениот човек се додека не бил префрлен во локалната болница, каде само била констатирана смртта.

Полицијата се уште трага по осомничениот, а се верува дека напаѓачот бил со уште еден човек.

– Тој знае што направи и го повикуваме самиот да ја направи правилната работа и да се предаде на полицијата – рече портпаролката Донелан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот