Бизарна смрт во Бугарија: Со лажно име влегол во боксерски ринг и умрел од срцев удар

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Бугарскиот боксер Борис Станчов почина за време на борба во ринг откако се борел под името и лиценцата на неговиот роднина Исус Величков.

Станчов наместо својот роднина се борел во перолесната категорија против Албанецот Ардит Мурја во саботата вечер, а трагичните детали за инцидентот испливаа на површината оваа недела, објави „Телеграф.рс.“.

Станчов колабираше во петата рунда на борбата и повеќе не стана поради срцевиот удар. Некои медиуми наведуваат дека Станчов боксувал наместо Исус за да стекне искуство и за да не собира порази во кариерата под своето име.

– Се бореше со мојата лиценца од 2018 година, не беше проблем, тренерот знаеше – рече подоцна Исус.

Светскиот боксерски сојуз дури изрази сочувство и на погрешниот боксер, мислејќи дека смртно настрадал 21-годишниот Величков.

За потсетување, во јули оваа година рускиот боксер Максим Дадашев почина поради повреди на мозокот кои ги здобил во борба. Истиот месец срцев удар имаше и Аргентинецот Хуго Сантилијан кој исто така настрада во рингот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот