БИЗАРНА ПРИКАЗНА ОД КИНА: Си ги продала децата за телефон, таткото бара дел од парите – Слободен печат
ВестиПланета

БИЗАРНА ПРИКАЗНА ОД КИНА: Си ги продала децата за телефон, таткото бара дел од парите

Децата помлади од две недели ги дала во две различни семејства, кои живеат на околу 700 километри од нејзиниот град.

Една мајка од Кина одлучила да ги продаде своите новородени близнаци за 8.300 евра, за да ги отплати долговите од кредитите, но и за да си купи нов мобилен телефон.

Децата помлади од две недели ги дала во две различни семејства, кои живеат на околу 700 километри од нејзиниот град.

Жената забременила вонбрачно, а нејзиното семејство одбило да и помогне токму затоа што не е во брак. Партнерот ја напуштил неколку месеци пред породувањето и не се појавил во болницата.

Но, откако овој случај бил обелоденет во јавноста, тој се јавил да бара дел од нејзината заработувачка.

Семејствата кои ги купиле децата се уапсени, а бебињата се предадени на бабата и дедото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close