БИЗАРНА КОИНЦИДЕНЦИЈА: Синоќа гореше и третото најголемо муслиманско светилиште (ВИДЕО)
Една структура од џамијата Ал Акса во Ерусалим ја зафати пожар во понеделник навечер, речиси во исто време кога гореше катедралата Нотр Дам во Париз.
Пожарот набргу е изгасен и нема повредени, пренесуваат светските медиуми.
Пожарот избувнал во соба која се наоаѓала веднаш до собата за молитва, стои во извештајот на агенцијата Вафа.
حريق داخل المسجد الأقصى !
النيران التهمت غرفة حراس المصلى المرواني بالمسجد . pic.twitter.com/oYEbPLXjiL— منصور ريان (@Mansorryaan) April 15, 2019
Набргу интервенирале пожарникарите, па не е причинета ниту поголема материјална штета.
На снимките објавени на социјалните мрежи се забележува како чадот се воздигнува над споменатата просторија во џамијата.
Џамијата Ал Акса е третиот најважен објект во Исламот.