Бизарна исповед на партнерот на Џорџ Мајкл: Кога го најдов мртов, го фотографирав

Instagram

Фризерот Фади Фаваз (46) четири години беше во врска со славниот музичар Џорџ Мајкл, односно сѐ додека славниот пејач не почина на Божиќ, на 53-годишна возраст во 2016 година.

Сепак, иако поминаа неколку години, Фаваз дури сега собра храброст да ја признае шокантната вистина за тоа како се однесувал кога тој прв го пронашол мртвото тело на својот долгогодишен партнер. Тој признал дека, кога го здогледал телото на Мајкл, го фотографирал, пишува Сан.

Ова свое признание тој го снимил, а снимката ја објавил на својот фејсбук-профил, но само два часа по нејзиното објавување, таа била избришана.

– Го фотографирав мртов, веднаш откако го најдов модар и ладен. Луѓето сакаат да ме убијат поради таа слика – раскажал тој.

Инаку, Фавез беше изоставен од тестаментот на славниот музичар, а неговото богатство им беше поделено на членовите на потесното семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот