Бизарен тренд на „ТикТок“: Здравствени работници ги снимаат своите реакции по смртта на пациент

тикток
Фото: Принтскрин/ТикТок

Социјалните мрежи се извор на многу бизарни работи кои порано никој не би се осмелил да ги направи, дури и да му паднеле на памет. Денес работите драстично се променија, а она што порано беше срамно, стана модерно. Најновиот тренд на „ТикТок“ е здравствени работници да се снимаат себеси откако ќе умре пациент.

Лекари, медицински сестри и други здравствени работници ја користат оваа апликација за да ја покажат својата реакција по смртта на пациент. На видеата најчесто се гледаат видно вознемирени лица додека плачат, нервозно шетаат по ходникот или молчат. На некои од записите објавуваат и текст во кој се објаснува што се случило со нивниот пациент.

Откако изгуби пациент, една медицинска сестра рече дека „никогаш не станува полесно“, додека друг здравствен работеник истакна: „Го сакам тоа што го работам и не би избрал друга професија, но оваа област има една од највисоките стапки на самоубиства, преплавени сме“

@halesimpson This is why I nurse #nurse #fyp #nursesoftiktok ♬ Surrender – Natalie Taylor

Иако не може да се негира фактот дека работата во здравството е неверојатно тешка и дека е особено тешко да се одржи менталното здравје, но овој тренд предизвика остри критики на „Твитер“.

Меѓу другото, тие го прогласија „ТикТок“ за „најканцерогена апликација досега“, но исто така истакнаа дека „ваквите доктори мислат дека нивниот живот е филм“.

„Пациенти умираат и првото нешто што медицинските сестри го прават е да најдат некое место во болницата каде што можат да го постават својот телефон, да изберат музика што одговара на расположението и да се снимаат себеси како „тагуваат“ со корисни натписи за гледачите“, напиша еден корисник во описот на видео од „ТикТок“, кое собра над 13 милиони прегледи.

„Кога сте емотивно вознемирени поради загуба на пациент (со право), а потоа го насочувате вниманието кон себеси за другите да видат дека сте вознемирени, тогаш веќе не се работи за личноста која починала, туку за себе. Тоа се нарекува нарцизам“, е уште еден од коментарите.

Прилично бурните реакции на мрежите принудија дел од корисниците да се деактивираат од оваа мрежа или да ја исклучат опцијата за коментирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот