БИЗАРЕН СЛУЧАЈ ВО ИНДИЈА: Копал гроб за починатата ќерка и пронашол нешто неверојатно

Оставање на бебиња е честа појава во индиската држава Утар Прадеш / Фото: Профимедиа/Илустрација

Маж кој копал гроб во северна Индија пронашол новороденче кое е закопано живо, извести полицијата, во најновиот случај кој го потенцира женските чедоморства (убиства на женски бебиња) во земјата, објави „Гардијан“.

Хитеш Сироши тргнал да ја закопува својата ќерка која починала неколку минути по пораѓањето на неговата сопруга, кога неговата лопата удрила во глинен сад, изјави локалната полиција во сојузната држава Утар Прадеш.

Кога го забележал новороденчето, веднаш се обидел да го спаси и побарал помош, рекоа властите. Сироши изјавил за медиумите дека бебето кое било видно вознемирно, било замотано во платно.

– Во еден момент помислив дека мојата ќерка е жива. Но гласот всушност доаѓаше од глинениот сад – изјави човекот кој го спасил новороденчето.

Бебето е пренесено во болница каде примила медицинска нега, додавајќи дека локален политичар одлучил да ги плати сите трошоци за лекувањето.

Убивањето на женски бебиња стана редовна практика во Индија, поради тоа што родителите преферираат машки деца, кои се гледаат како нивни инвестиции и наследници, додека девојките се гледаат како некои кои може да го посрамат семејството.

Индија се обидува да ја намали разликата меѓу мажите и жените во земјата преку закони, а податоците од 2011 година велат дека на 1.000 мажи има 940 жени во една од најбројните земји во светот.

Студијата на британскиот медицински журнал „Лансет“ покажа дека до 12 милиони женски бебиња се абротирале во последните три декади во Индија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот