Бившиот сопруг на Џенифер Лопез остана без јахтата: Пламенот ја проголтал за неколку минути

Profimedia

Луксузната јахта на Марк Ентони, бившиот сопруг на Џенифер Лопез, изгорела и потонала во пристаништето во Мајами, а од неа останале само изгорените даски.

Пејачот остана без неговата јахта вредна 7 милиони долари. Јахрата „Андијамо“, на која Ентони правел забави за џет-сетот, се запалила под засега неутврдени околности. Таа целосно изгорела, а потоа се превртела во заливот.

Јахтата била долга 36 метри, имала пет кабини, базен, џакузи, а можела да прими 12 лица.

Дури 40 пожарникари учествувале во гаснењето на пожарот, а полицијата во Мајами истражува како се случила несреќата.

За среќа, никој не е поврден.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот