Бивши пакистански дипломат паднал на интернет ШЕГА: Место жртва на бруталност, објавил ПОРНО СЦЕНА (ФОТО)

Фото: Фејсбук

Бившиот пакистански комесар во Индија паднал на смешни лажни вести неделава, објавувајќи слика од порно филм, што тој верувал дека е жртва од пукање во Кашмир.

Кога онлајн шегобиец објавил слика од порно ѕвездата Џони Синс, каде рекол дека е жртва на бруталност од индиските воени сили, кои го ослепеле со пиштоли со дијаболи, Абдул Басит не можел да одолее на приказната.

„Јусуф од Анантхнаг го изгубил видот од дијабола…ве молам кренете го вашиот глас“, пишувало на сега избришаната објава што го измамила бившиот дипломат.

Иако времетраењето на твитот на интернет било кратко, било повеќе од доволно за онлајн публиката да пушти серија на шеги упатени кон бившиот политичар, кој паднал на измамата.

https://twitter.com/emocraze4/status/1168836360267939841?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1168836360267939841&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.rt.com%2Fnews%2F467885-pakistan-minister-pornstar-kashmir-victim%2F

Некои користеле слики од бившата порно ѕвезда Миа Калифа, кои ја претставиле како девојче од Кашмир кое плаче. „Не можат ли медиумите да ги видат солзите на ова девојче од Кашмир“, пишал еден шегобиец.

Судејќи според коментарите на Твитер профилот на Басит по очигледниот гаф, ова нема да му биде заборавено набргу.

Инцидентот доаѓа само денови откако пакистански сенатор ја обележа популарната игра со карти УНО, место Обединетите Нации во твит, критикувајќи го индискиот премиер, Нарендра Моди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот