Бивши офицер на британската армија предупредува дека можен е напад на аеродромот во Кабул

Евакуацијата на Авганистанци на аеродромот во Кабул/ Фото: EPA-EFE/Staff Sgt. Victor Mancilla

Разузнавачките информации дека борците на Исламска држава подготвуваат напад врз луѓето кои сакаат да полетаат од аеродромот во Кабул се „многу, многу веродостојни”, изјави денеска поранешниот офицер на британската армија, Џејмс Хипеј.

Британското Министерство за надворешни работи синоќа ги предупреди своите граѓани да не се приближуваат до меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи”, каде илјадници луѓе се обидуваат да се качат на некои од летовите кои се обидуваат да ги евакуираат странците и нивните поранешни авганистански соработници до 31 август, крајниот рок за повлекување на американските војници, „бидејќи би можеле да бидат цел на одмазда на талибанците”.

– Сега има многу, многу веродостојни дојави за неизбежен напад и затоа Форин офисот синоќа ги советуваше луѓето да не се приближуваат до аеродромот во Кабул. Тие мора да се засолнат на безбедно место и да чекаат нови инструкции, изјави Хипеј за Би-Би-Си радио.

Тој предупреди на сложеноста на ситуацијата во главниот град на Авганистан.

– Не можам доволно да нагласам колку е очајна ситуацијата. Заканата е веродостојна, рече Хипеј, додавајќи дека огромни групи очајни луѓе чекаат пред аеродромот и сакаат да ја искористат можноста.

Според него, има 400 луѓе кои треба да бидат евакуирани, главно британски државјани и оние со двојно државјанство.

– Јасно е дека правиме се што можеме за да најдеме безбедни коридори да ги однесеме на безбедно, рече Хипеј.

Велика Британија евакуираше повеќе од 12.000 луѓе од Авганистан и планира денеска да изведе 11 летови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот