Битолскиот и Софискиот универзитет со заедничка конференција го празнуваат Св. Климент Охридски

Фото: akademik.mk

Универзитетите во Софија и Битола во рамки на заедничкото празнување на св. Климент Охридски денеска  почнаа заедничка научна конференција на тема „Димензиите на компетенциите”.

Како што соопшти Универзитетот „Св. Климент Охридски”-Битола (УКЛО), конференцијата ја отворија министерката за образование и наука Мила Царовска, заменик-министерот за образование на Бугарија, Тања Михајлова, ректорот на Софискиот универзитет Анастас Герджиков и проректорот на УКЛО, проф.д-р Марјан Ѓуровски, а учествуваат професори од двете земји со трудови и истражувања. Конференцијата ќе резултира со издавање заеднички зборник на трудови, за што е формиран заеднички научен, програмски и организациски комитет.

Во обраќањето на свеченото отворање, информира УКЛО, министерката Царовска го поздрави заедничкото празнување на св. Климент Охридски и нагласи дека е добар знак за нас и за нашита два универзитета што во духот на европските вредности за партнерство, за поврзување и низ нов академски дискурс тежиштето е ставено на квалитетна меѓусебна соработка.

Софискиот и Битолскиот Универзитет заедно ќе го чествуваат патронот Св. Климент во духот на европските вредности

– Со фокус кон размена на студенти, кадар, споделување искуства, знаења, вештини односно обезбедување цврста поврзаност на сите институционални но и индивидуални членови на нашите две академски заедници, рече Царовска, додавајќи дека „критериумите треба бидат насочени кон знаење, успех, професионалност, стручност, одговорност и компетентност, кон квалитет и примена на европски стандарди”.

Проректорот Ѓуровски истакна дека универзитетите заземаат водечко место во општеството и во оваа смисла, како што рече, отвореноста и достапноста не треба да бидат само празни флоскули туку наш вистински модус вивенди. Посочи дека интензивирањето на академската соработка и заедничкото празнување е во духот на европските вредности и придонесува за зајакнување на добрососедските односи.

– Целта е да ги привлечеме сите кои имаат желба да ни го доверат своето образование, своето усовршување, сите што со своите интелектуални и морални кавалитети, со својата стручност сакаат да придонесат кон побрз развиток на високото образование, на науката, во амбиент на автономни универзитети каде основната претпоставка е академската слобода, индивидуалното надградување и потврдување на способностите и квалитетот. Токму Софискиот и Битолскиот универзитет преку заедничкото празнување на свети Климент Охридски се предводници со кои го заземаат авангардното место во општеството што претставува наша должност како академска заедница. Заедничкото празнување за двата универзитета претставува повод и одлична можност до академската јавност да се испратат пораки што ќе значат поттик за интензивирање на меѓусебната соработка, нагласи проректорот Ѓуровски.

Тој додаде дека зближувањето преку образованието, науката, креирањето позитивна клима е поволен концепт за поголема поврзаност преку размена на знаења, искуства, но и размена на млади, студенти и универзитетски кадар што, рече, е еден од меѓусебно усогласените приоритети за време на самитот на Берлинскиот процес во Софија, на кој двете земји беа во улога на домаќини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот