Битолчани уапсени во Скопје: Украле 11 телефони, 4 фотоапарати и 14.000 денари

Скопската полиција вчера во населбата Козле, проверила автомобил марка „мерцедес 190“, со прилепски регистарски ознаки и пронашле 11 телефони, четири фотоапарати и два ранци.

Пронајдени биле мобилен телефон марка „хуваеј П30”, четири мобилни телефони „самсунг A20“, три мобилни телефони марка „самсунг A10“, два мобилни телефонa „самсунг A50“ и еден телефон „самсунг A30“.

Во возилото имало и четири фотоапарати, еден марка „никон Д5600-18-55 ВР”, два фотоапаратa марка „никон Д-3500-18-55 ВР” и еден „никон Д 750“, како и два ранцa.

Во автомобилот биле тројца битолчани, двајца на возраст од 23 години и еден 25 годишен. Кај еден од нив пронајдени и околу 14.000 денари.

– Од извршените проверки утврдено е дека горенаведените предмети потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“, извршено на 14.10.2019 во продажен објект на ул.„Никола Тесла“ во Битола, од каде се одземени мобилни телефони, фотоапарати и промет, со што сторителите се стекнале со имотна корист од околу 900.000 денари – информриаат од МВР.

Битолчаните се преземени од страна на Одделението за крим полиција при СВР Битола и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот