Битолчани разочарани по новиот пораз од Вардар, бараат промени во клубот

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Aктуелниот шампион Еурофарм Пелистер е далеку од посакуваната форма, а Вардар веќе двапати го победи најголемиот ривал, еднаш во Суперкупот и вчера во првенството.

Пелистер изгледа како да е во криза и во овој момент дефинитивно е под стандарите на еден европски состав кој игра во Лигата на шампионите.

Незадоволство по вчерашниот пораз изрази е една од најпознатите фан страни на битолскиот клуб. Слични се и коментарите од навивачите на објавата, се бара одговороност и промени во раководството.

„ПОРАЗ ! ДНО ! НУЛА ! НИ ‘Р’ ОД РАКОМЕТ ВРЕМЕ Е ЗА ОДГОВОРНОСТ ! ЃАВОЛОТ ЈА ОДНЕЛ ШЕГАТА ! СТРУЧЕН ШТАБ, СПОРТСКИ ДИРЕКТОР – ОДГОВОРНОСТ ОДМА ! ОВА БИТОЛА НЕ ГО ЗАСЛУЖУВА, ОВА ЧКЕМБАРИ НЕ ГО ЗАСЛУЖУВААТ!“, стои во објавата.

 

ФОТО | Борко не се извини, туку само порача: „Никогаш не го отпишувајте Вардар“!!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот