Битолчанец недозволено поседувал оружје: Еве што е пронајдено во неговиот дом

Фото: Илустрација

На ден 15.05.2019 година врз основа на Наредба за претрес на дом издадена од судија на предходна постапка од Основен  суд Битола, од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, извршен е претрес во домот на лицето Д. Г(34) од Битола поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело по член 396 “недозволено изработување, држење, и тргување со  оружје и распрскувачки материи” од Кривичниот Закон.

При претресот во домот на лицето се пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети се одземени: еден ловен карабин, три ловни пушки, еден пиштол, една воздушна пушка, педесет и пет куршуми калибар 9мм за пиштол,, седумдесет и две парчиња ловна муниција, еден куршум калибар7. 65мм за пиштол и еден цилиндричен предмет со барутно полнење.

За настанот е известен надлежен  обвинител од ОЈО Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот