Битолчанец го лажирал своето грабнување и изнудувал пари од родителите

Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, СВР Битола и СВР Скопје, а постапувајќи по наредба на ОЈО Битола околу 19 часот вчера на улица Шуто Оризари во Скопје го лиши од слобода М.К. (29) од Битола поради основано сомнение дека е инволвиран во фингирано извршување на кривични дела грабнување и изнуда.

-Имено, на 14.12.2019 Б.К., татко на М.К., во СВР Битола пријавил кривични дела грабнување и изнуда при што наводна жртва е неговиот син. По насоки на ОЈО Битола веднаш се преземени оперативно технички мерки и дејствија и случајот е расчистен односно утврдено е дека станува збор за фингиран настан, во кој покрај М.К. се инволвирани уште неколку лица, со кои М.К. бил во претходен договор со цел да изнудат пари од родителите. М.К. и претходно е пријавуван за кривични дела, издржувал затворска казна, а имал и долгови кон различни лица- стои во соопштението од МВР.

М.К. е приведен додека влегувал во возило „алфа ромео“, сопственост на неговиот татко, за кое возило, М.К. тврдел дека со него е грабнат, а кај него биле и дел од парите кои биле предвидени за негов наводен откуп, а претходно технички обработени. По документирање на случајот, СВР Битола ќе поднесе соодветен поднесок до ОЈО Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот