БИТОЛА: „Радиоактивните“ предупредувачки налепници пријавени во полиција

Герила во Битола

Предупредувачките „радиоактивни“ налепници „Иди зима“, кои утринава беа залепени на шахтите низ Битола се пријавени во полиција.

Од јавното претпријатие „Нискоградба“ изјавиле дека претпладнево случајот со жолтите лепенки со знак за радијација поставени на нивните шахти низ Битола го пријавиле во битолската полиција.

Герила во Битола

Тоа го направиле бидејќи, како што велат, се работи за шахти кои се во сопственост и надлежност на претпријатието.

Како што велат од „Нискоградба“ полицијата направила увид на лице место и натаму таа ќе си ја води постапката по пријавата, пренесува ТВ Тера.

Герила во Битола

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот