15.8 C
Скопје

Битола и официјално го доби клубот РК Еурофарм Пелистер

Утрово во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Во изминатите месеци веќе се говореше за спојувањето на двата битолски ракометни клубови, Еурофарм Работник и Пелистер.

фото: facebook.com/rkeurofarmrabotnik

Како што и веќе се најавуваше, на новите дресови се наоѓа логото на Општина Битола и грбот на РК „Пелистер“.

Приватниот субјект годишно ќе вложува најмалку 45 милиони денари, а Општината 15 милиони денари. Вкупниот буџет на двата клуба ќе биде најмалку 60 милиони денари.

Сезонава ќе се игра со „сино-бели“ дресови, а од наредните години клубот со новото име Еурофарм Пелистер ќе користи „сино-бели“ и „зелено-бели“ дресови.

Поврзани вести

Падобранецот на „Гринпис“едвај спасил жива глава, снајперисти го имале на нишан

Слободен печат

Ламело Бол е дебитант на годината во НБА

Слободен печат

Навивачка љубов: „Фалангата“ и украинските фанови заедно во Букурешт

Слободен печат

ВИДЕО: Италија ја суреди Швајцарија и се пласира во осминафиналето

Слободен печат

ФОТО: Јокиќ се врати во родниот Сомбор и веднаш седна во едносед

Слободен печат

Срамно, масовно се бришат видеата на кои Ѓоковиќ му го подарува рекетот на момчето од трибините

Слободен печат

Остави Коментар