„Битлси“ по 50 години го урнаа сопствениот рекорд! – Слободен печат
ЗабаваМагазин

„Битлси“ по 50 години го урнаа сопствениот рекорд!

Овој успех го изненади Пол Макартни, иако тој сè уште смета дека тоа е „проклето добар албум“.

Легендарниот ливерпулски бенд „Битлси“ успеа да го урне сопствениот рекорд и со албумот „Abbey Road“ да се најде на врвот на топ-листите половина век од излегувањето на оригиналното издание.

Посебното јубилејно издание на единаесеттиот албум на Битлси, на кој се најдоа и некои од досега необјавените материјали со хитови како „Come Together“, „Oh! Darling“, „Something“ и „Here Comes The Sun“ е објавен во септември, точно на 50-годишнината од излегувањето.

Критиката „Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band“ долго го сметаше за најдобар албум на „Битлси“, а повторно е објавен во јуни 2017 година, така што на првото место на топ-листите се врати по 49 години и 125 дена. Така Битлси сега успејаа да го урнат сопствениот рекорд за повеќе од 100 дена.

Овој успех го изненади Пол Макартни, иако тој сè уште смета дека тоа е „проклето добар албум“. Воедно „Abbey Road“ е најпродаваниот винил оваа недела, со нешто помалку од 9.000 продадени примероци.

Точно пред 50 години е снимена и култната фотографија на која Џорџ Харисон, Пол Мекартни, Ринго Стар и Џон Ленон поминуваат преку пешачкиот премин на истоимената улица, пред студиото во кое го снимале својот 11. албум.

Image result for beatles

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close