Биткоинот веќе не е криптовалутата со која најмногу се тргува

Биткоинот во јавноста е поим за криптовалута, но неодамна престана да биде криптовалутата со која најмногу се тргува.

Таа улога ја презема тетхер, кој за еден ден остварува вредност од сите тргувања од скоро 21 милијарда американски долари.

Податоците за активноста на тргувањето ја собрале CoinMarketCap.com заклучно со 27 септември и според нив, кога се зборува за големите играчи на пазарот, биткоинот на ден стигнува до просек од 17,28 милијарди долари вредност, етхереум 7,72 милијарди, а литекоин 2,55 милијарди.

Моментално толку многу се тргува со тетхер, бидејќи е стабилен и едноставен за користење. Помага и тоа што во Кина, во која се забранети менувачниците за криптовалута, сеедно може да се стигне до тетхер без многу проблеми, а потоа лесно се менува за биткоин или други криптовалути.

Во Азија тргувањето со криптовалути е многу популарно и сочинува 70 отсто од вкупната светска трговија на дневно ниво. Истотака, се нудат многу можности за замена на криптовалута, а со нив е можно да се купува практично се.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот