Биткоинот се приближи на ниво од 13.000 долари

Цената на биткоинот денеска се доближи до нивото од 13.000 долари, достигнувајќи ја вредноста која ја имаше пред 17 месеци, а со тоа го продолжи зачудувачкиот пресврт во 2019 година.

Дигиталната валута скокна на 12.919 долари во раните утрински часови, според индексот на цените на „CoinDesk“.

Ова е највисокото ниво на оваа виртуелна валута од јануари 2018 година, наведува „CNBC“ и додава дека биткоинот од почетокот на годината порасна за 230 проценти.

Биткоинот е најголемиот добитник меѓу најпопуларните криптовалути, а неговата доминација на пазарот сега сочинува преку 60 проценти.

Овој, најпознат дигитален токен оваа година доживеа спектакуларен пресврт, затоа што на инвеститорите им го привлече вниманието, со тоа што големи компании, како што е Фејсбук, се приклучија во крипто-просторот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот