Биткоинот се лизна: Продолжува падот на вредноста на пазарот на криптовалути

Криптовалути / Фото: Колаж, Архива на Слободен печат

Остриот пад на вредноста на пазарот на криптовалути продолжи и денеска. Според веб-страницата Coingeco, пазарната капитализација утринава паднала за уште 4 отсто и моментално изнесува 2,08 трилиони долари.

Биткоинот и утрово продолжи да ја губи вредноста. Тој падна за дополнителни 3,8 отсто во изминатите 24 часа, паѓајќи на 41.548 долари.

Итриумот исто така е намален за дури 7,9 отсто. Во моментов на берзите се тргува по цена од 3.176 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот