Биткоинот не запира – новата рекордна вредност е над 77.000 долари

Биткоин / EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Цената на криптовалутата Биткоин достигна нов рекорд – синоќа достигна ново рекордно ниво од 77.276 долари.

Вредноста на најпознатата криптовалута претходно „скокна“ за повеќе од 10 отсто веднаш откако Трамп обезбеди втор мандат во Белата куќа, а републиканците го освоија Сенатот, со големи шанси да победат во Претставничкиот дом, пренесува Танјуг.

Зголемувањето е најголемо од претходниот скок во март, кога инвеститорите беа израдувани од приливите во фондови кои ја следат цената на биткоинот на американските берзи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот