Битката за Лос Анџелес ќе го даде новиот НБА шампион – Слободен печат
КошаркаСпорт

Битката за Лос Анџелес ќе го даде новиот НБА шампион

Клиперси се засилија со Кавај Ленард, а „езерџиите“ го ангажираа Ентони Дејвис.

Вечерва почнува нова НБА сезона, 74. по ред, а на првиот ден ќе се играат два натпревари: Торонто Репторс-Њу Орлеанс Пеликанс (02.00 часот) и Лос Анџелес Клиперс-Лос Анџелес Лејкерс (04.30 часот).

Торонто Репторс во јуни ја освои првата титула откако во финалето со 4:2 беше подобар од Голден Стејт Вориорс, а токму во „Скотиабанк“ арената тргнуваат новите НБА возбудувања.

Противник ќе им биде Њу Орлеанс Пеликанс, но без својата нова ѕвезда Зион Вилијамсон, кој мораше на итна операција на десното колено и поради која ќе ги пропушти првите два месеци од сезоната.

И Канаѓаните се без првата ѕвезда во шампионскиот состав, бидејќи Кавај Ленард како слободен играч во јули се пресели во Лос Анџелес Клиперс.

Ленард на дело ќе го водиме од 04.30 часот кога Клиперси ќе го играат градското дерби против Лејкерси каде што освен ЛеБрон Џејмс добија уште едно засилување ова лето во Ентони Дејвис.

Ќе биде тоа дуел фактички помеѓу двата најголеми фаворити за титулата оваа сезона. Сепак, Клиперси нема да бидат во најсилниот состав, бидејќи Пол Џорџ ќе го пропушти почетокот на сезоната поради операцијата на рамото.

НБА 
Сезона 2019/2020

Среда, двојки:
02.00 часот Торонто Репторс-Њу Орлеанс Пеликанс
04.30 часот Лос Анџелес Клиперс-Лос Анџелес Лејкерс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close