Битка за најмладите: Погледнете како докторите ги штитат бебињата од коронавирус (ФОТО)

Фото: Фејсбук

Коронавирусот можеби е најопасен за највозрасните, меѓутоа вестите кои секојдневно пристигнуваат од цел свет покажуваат дека ниту најмладите не се поштедени.

Доказ за тоа е и случај забележан во Илиноис, каде бебе старо само шест месеци почина од коронавирус.

Фото: Фејсбук

Бебињата бараат посебно внимание во време на оваа пандемија, а фотографиите кои можете да ги видите во овој текст, покажуваат како тоа се прави во породилиштата во Тајланд.

Тамошните доктори на новородените момчиња и девојчиња им ставаат визири за да ги заштитат од коронавирус.

Станува збор за пластични заштитници за лице, кои ги користат и докторите и медицинските работници, изложени на опасности од честички или хемикалии додека ја вршат својата работа во време на оваа пандемија.

Фото: Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот