Битка за финале: Јунајтед против „синонимот“ на Лига Европа!

фото: твитер

За првиот учесник на годинешното издание на Лига Европа денеска во Келн (21.00 часот) ќе одлучуваат екипите на Манчестер јунајтед и Севиља.

И двата тима преку националните шампионати обезбедија учество во Лигата на шампионите следната сезона, што значи дека другото по квалитет европско натпреварување го играат исклучиво за престиж.

Играме полуфинале, свесни колку сме блиску до трофејот, а до истиот ни се потребни уште две победи. Владее добро расположение во екипата, во Келн имаме одлични услови за тренинг. И добрите временски услови ни дозволија да го посетиме градот кој нуди интересни места – вели играчот на Јунајтед, српскиот интернационалец Немања Матиќ.

На спротивната страна, тренерот на Андалузијците, Хулен Лопетеги најавува дека неговите играчи имаа желба да ја нападнат титулата во ЛЕ.

Јунајтед е врвен клуб, кој нема пораз од јануари во Премиер лигата, и тоа говори многу. Но, и ние имаме квалитет и огромна желба да покажеме што знаеме – се зборовите на Лопетеги.

Што се однесува до успесите на екипите во ова натпреварување, „црвените ѓаволи“ еднаш се искачија на тројот во 2017 година, додека Севиља е рекордер со пет титули (2006, 2007, 2014, 2015, 2016).

Победникот од оваа пресметка во големото финале, на 21 август ќе се соочи со подобриот од натпреварот Интер-Шахтјор Доњецк кој се игра во понеделник исто така од 21.00 часот, но на теренот во Дизелдорф.

Видео на денот