Битиќи: Во овој момент не се размислува за седми пакет економска помош

Фатмир Битиќи
Фатмир Битиќи / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Во овој момент не се размислува за седми пакет економски мерки за помош на стопанството и граѓаните за справување со последиците од корона кризата, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

– Разговори ќе имаме. Секојдневно разговарам со стопанските комори и ако навистина тоа е нужно ќе направиме одредена мерка зашто не знаеме колку ова привремено лимитирање на движење на граѓаните ќе влијае. За жал сме и во предизборен период и секоја мерка може да се протолкува различно и затоа нема да кажам дали ќе има или нема да има мерка. Само потврдувам дека се разговара и ако е вистински потребно заедно ќе ја донесеме, рече Битиќи во одговор на прашање при денешното означување на почетокот на тендерската постапка за изградба на клучка на крстосницата меѓу булеварот „Словенија“ и „Качанички пат“.

Тој посочи дека здравјето на граѓаните е пред сè.

– Ако треба да се прави компромис помеѓу економска мерка за угостители и здравјето на граѓаните, здравјето на граѓаните е пред се, потенцира Битиќи.

Порача дека и претходно докажале дека секој загубен денар во секој сектор ќе се врати кога тоа ќе биде потребно.

– Затоа ќе седнеме и ќе разговараме. Сметам дека во овој момент сите треба да сме подготвени нешто да оставиме наспроти борбата што не чека против енормното зголемување на бројот на заразени од коронавирусот и секојдневната борба за живот која е многу поважна од сѐ друго, рече Битиќи.

Порача дека и досега угостителскиот и туристичкиот сектор е помаган. Во изминатите пакети, како што кажа, овој сектор е потпомогнат со повеќе од 14 отсто од вкупната помош која е дадена во стопанството, наспроти нивниот придонес во БДП кој е многу помал.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот