Битиќи: Следува досега невидено зголемување на пензиите

Фатмир Битиќи
Фатмир Битиќи / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Вицепремиерот Фатмир Битиќи изјави дека се подготвува покачување на пензиите „какво што не било досега“.

„Сега, со усогласувањето, сите пензионери добиваат зголемени пензии за речиси три проценти. Се прават последните калкулации и очекуваме зголемување на пензиите во скоро време. Не можам да лицитирам со бројки. Не сакам да играм со методологијата, но покачувањето на пензиите ќе биде какво што не било досега. Со тоа ќе покажеме дека имаме стабилен пензински фонд и дека се грижиме за оваа категорија граѓани. Остануваме на ставот дека пензиите мора да се зголемат. Сѐ додека правиме анализи, не можам да зборувам за бројки, но ќе биде поинаку од претходно.“- изјави вицепремиерот за економски прашања во гостувањето на телевизија Телма.

Коментирајќи ги најавите на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) дека доколку до понеделник не се усогласат барањата за минималната плата од 18.000 денари, тие ќе стапат во штрајк, Битиќи рече дека едностраните ултимативни решенија не се конструктивни во таков дијалог.

„Сметам дека не треба да се вратиме наназад. Дали ќе има минимална плата од 18.000 денари, да, ќе ја има. Тој момент кога заеднички ќе одлучиме дека минималната плата од висина на која што заеднички ќе одлучиме. Јас сум кажал еднаш и кажувам пак, дали заедничката одлука ќе биде 18.000 или повеќе, тоа ќе биде заедничка одлука на сите социјални партнери. Тоа трипартитен дијалог во којшто одлучуваме кој и колку треба да се покачи во тој момент за да нема штета. Зошто едностраниот начин може да повлече други еднострани решенија, рече Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот