Битиќи: Работникот е на прво место, а човечкиот капитал пред сѐ

Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања/Фото: МИА

Никој не треба да заборави дека работникот е на прво место, човечкиот капитал е пред сѐ, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи пред учесниците на денешниот првомајски протест.

Битиќи од пред Владата, која беше и завршното место на протестот, подвлече дека унапредувањата на правата на работниците не се случува еднаш засекогаш.

-Треба да се зборува и за еднаквиот третман на мажите и жените на пазарот на трудот, за безбедноста при работа, како и за сите други права кои се забораваат, посебно за време на кризи, истакна Битиќи кој заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ги пречека синдикалците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот