Битиќи: Ја поддржувам секоја одлука која го почитува идентитетот и јазикот на моите другари, пријатели и сограѓани

Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања / Утрински брифинг
Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања / Утрински брифинг

Со големо внимание ги следам коментарите и реакциите на целата јавност околу актуелниот развој на настаните поврзани со почетокот на преговорите за влез во ЕУ, објави Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори на неговиот фејсбук профил.

– Лично сум осетил какво е чувството некој да негира идентитет, јазик и постоење и затоа јасно знам колку сето тоа е против сите вредности за кои јас се залагам и работам. Тоа се црвени линии кои успешно ќе ги заштитиме! Заеднички ќе изнајдеме решение кое ќе ја обезбеди нашата посакувана Европска иднина, но и истовремено ќе го заштити достоинството на нашата држава и народ. Јас ќе ја поддржам секоја одлука која што го почитува идентитетот и јазикот на моите другари, пријатели и сограѓани, а за која тие нема да имаат никаква резерва. Затоа активно ги повикувам да се вклучат во консултативниот процес и јасно да го искажат својот став! Решенијата мора да ги градиме со солидарност и меѓусебна емпатија – друг пат нема! Ќе успееме!, напиша вицепремиерот Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот