Битиќи–Доер Вос: Германската поддршка за реформите во економијата е една од најважните за земјава

Економската соработка помеѓу Северна Македонија и Германија беше главна тема на разговор на работната средба во Берлин на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи со државната секретарка во германското Федералното министерство за економија и енергетика, Клаудија Доер Вос/ Фото: Влада на РСМ

Економската соработка помеѓу Северна Македонија и Германија беше главна тема на разговор на работната средба во Берлин на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи со државната секретарка во германското Федералното министерство за економија и енергетика, Клаудија Доер Вос.

Вицепремиерот Битиќи, кој престојува во работна посета на Берлин, на средбата истакна дека германската поддршка е една од најважните за земјава, особено кога станува збор за реформите во економијата.

Битиќи, како што соопшто неговиот, кабинет констатира дека економската соработка на земјава со Германија е на исклучително високо ниво.

– Веќе традиционално оваа земја е прв трговски партнер на Република Северна Македонија, како последица на голем број на директни инвестиции на компании од Германија. Беше потенциран и процесот на „near-shoring” кој подразбира преселба на голем дел од производството на компании од високоразвиените земји кои имаа сопствени капацитети во земјите од Далечниот Исток во нивна непосредна близина, а Северна Македонија секако е една од дестинациите каде дел од ова производство ќе биде трансферирано, се наведува во соопштението.

Од таму информираат дека на состанокот вицепремиерот Битиќи ги претставил и преземените чекори за развивање на 20-годишна Национална развојна стратегија на земјава до 2041 година, во која ќе бидат опфатени сите аспекти на општественото живеење, а која треба да обезбеди одржлив економски раст.

Вицепремиерот Битиќи и државната секретарка Доер Вос, енергетиката, индустријата, заштитата на животната средина и спроведување на структурни реформи во економијата ги дефинираа како области каде би можела дополнително да се унапреди соработката.

Тие заклучија дека како една од конкретните мерки со кои директно ќе се помогне на инвеститорите, особено оние од преработувачката индустрија, а која е и дел од владината програма, е измената на царинскиот тарифник и негово прилагодување на царинските стапки во ЕУ. 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот