Битиќи: Бизнисмените се жалат дека огромен број од невработените немаат соодветни квалификации

Фатмир Битиќи / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Вицепремиерот Фатмир Битиќи вечерва се обрати на настан за доделување на стипендии за додипломски студии во организација на фондацијата „Албиз”, а во обраќањето рече дека компаниите во земјава се жалат дека огромен број од невработените немаат соодветни квалификации и поради тоа не се конкурентни на пазарот на трудот.

„Апелирам дуалното образование да биде клучот на нашиот процес на учење, бидејќи ова е проблематика која не можеме да ја адресираме само од една страна. Денес, бизнисмените се жалат дека огромното мнозинство од невработените во Северна Македонија немаат соодветни квалификации и како такви не се конкурентни на пазарот на труд, затоа велам дека нашите планови за реформа на образовниот систем преку воведување на дуално образование за создавање поподготвени кадар во иднина, не може да се направи без ваше вклучување во процесот“, рече Битиќи.

„Преку дуалното образование, студентите добиваат реална пракса во компаниите, додека паралелно посетуваат и стручно училиште или факултет, ова почитувани присутни, ги развива практичните вештини што ги барате како работодавач, она што Германија или Швајцарија долго време го спроведуваат како образовен модел, па зошто да не научиме од најдобрите“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот