Битиќи за ТВ24: Податоци на меѓународни институции покажуваат дека мерките даваат резултат, за првпат како држава имаме среднорочна стратегија за развој

По првпат ние како Влада имаме среднорочна стратегија за развој и среднорочно планирање на буџетот и со двата параметри некаде веќе четвртата година ние би требало да го спуштиме јавниот долг на 56%, 56,7% тоа значи дека во суштина економијата ќе генерира таков раст за да ние бидеме во ситуација да го намалуваме јавниот долг со раст на БДП. истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.

Вицепремиерот Битиќи во реплика кон Трајко Славески истакна дека не може некој во апсолутна бројка да кажува дека ќе намалува јавен долг а притоа БДП да е на исто место. Мора економијата да расте, а секако секој еден денар задолжување треба да оди во насока на развој, ако оди во насока на развој тој ќе продуцира раст.

– Ако во 2020 година ние не го направевме тоа што го направивме со справување на кризата ние најверојатно ќе завршевме на пад некаде околу 10%. Сега сме на -4,5%, истакна Битиќи.

Тој додаде дека бројките, не само нашите, туку и на меѓународните финансиски институции покажуваат дека сме направиле мерки што дале резултат падот да биде помал.

– Тоа ни дава за право за 2021, 2022, 23 24 година да проектираме раст до 5,2%, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот