Здравствената состојба е проблематична и треба да се преземат мерки, полициски час од 20 час затворање на угостителски објекти, но им се дава простор за купи носи, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, во емисијата „Економски магазин“ на Алсат телевизија.
Помош за угостителскиот сектор за затворањето за овие две недели ќе има, најави Битиќи, додавајќи дека тоа ќе биде според модел со кој ќе покриеме дел од загубените приходи.
Вицепремиерот истакна дека сега се прават последните калкулации за процентот на покривање на загубените приходи.
Загубата ќе ја делат работодавачите и државата, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, во емисијата „Економски магазин“ на Алсат телевизија.
Тој уште една нагласи дека за сите закони, кои што стојат во Собранието, има пари.
-Мојот апел до пратениците не е да ја префрлам топката кај нив, туку затоа што знам што значи ако денеска стигнат парите кај нашите стопанственици и кај граѓаните, затоа што ние ги имаме парите обезбедено, парите се тука, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, во емисијата „Економски магазин“ на Алсат телевизија.
Тој додаде дека Буџетот не само што е ликвиден, туку функционира подобро од минатата година, пред да влеземе во период на криза, на приходната страна само данокот на личен доход на крајот на март малку е паднат но, тоа е поради неисплатените плати, бидејќи стопанствениците ја чекаа помошта од владата за исплата на плати.
Секој ден ме боли зашто што е уште еден ден е пропуштен, да не се изгласа тоа. Пари има, а мерките ќе дадат и тoa каков ефект, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
-Ние имаме мерки од четвриот и петтиот пакет, кои се заглавени во Собранието, а нивната имплементација значи 200 милиони евра во овој момент, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, во емисијата „Економски магазин“ на Алсат телевизија.
Тој нагласи дека поради недонесување на овие мерки не може да види нивниот ефект врз стопанството, но претходните три, како и мерките од четвртиот пакет, во 2020 година го дадоа својот ефект.
Битиќи рече дека во 2020 година има пад на БДП од 4,5%, а според анализите ефектот на мерките е намалување падот за 4,2%.
Ако немаше спроведени економски мерки падот ќе беше 8,7, а со нив имаме пад од 4,5%, појасни вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.