Битиќи: Во тек се преговори со Светска банка за нов проект во износ од 90 милиони евра

Советникот на премиерот Фатмир Битиќи, на денешната прес-конференција зборуваше за економските мерки кои се превземаат со цел справување со кризата од Ковид-19.

-Веднаш откако беше јасно дека коронавирусот ќе предизвика економска и здравствена криза беше поставена цел, да им се помогне на граѓаните, да се задржат работните места, да ги поддржиме компаниите на нашите сограѓани за нивната ликвидност и темелите за рестарт на економијата

Во вториот пакет ја креираме најважната – мерката за финансиска подрршка за исплата на платите за април и мај во износ од 14 500 денари по работник. Аплицирањето започна на 1 мај. Во УЈП се пристигнати нешто повеќе од 12. 480 апликации, охрабрувачка бројка, ако се знае дека до крајот на рокот остануваат уште три дена.

Се очекува да аплицираат голем процент од компаните кои ги исполнуваат условите. Ги повикувам уште еднаш оние компании кои немаат, да аплицираат преку системот за е-даноци на УЈП.

Апликациите за април треба да се достават до 7 мај. Важно е да споменеме дека Владата кога ја донесе Уредбата, овозможи компаниите кои отпуштиле работници, да може да ги вратат и да ги користат придобивките од оваа мерка. Со ова работниците кои ги изгубиле местата може да се вратат на работните позиции. Станува збор за 2.000 работници во март и 7.000 во април. Тоа е далеку од бројката со која манипулира ВМРО-ДПМНЕ за да создаде лажна слика за отпуштени работници.

Се спроведува мерката и за Ковид 1 и Ковид 2 во износ од 13, 7 милиони евра за микро, мали и средни претпријатија. Наскоро преку комерцијалните банки ќе има исклучително поволни кредити.
Економските политики во последните три години покажаа дека мерките носеле и ќе носат резултати, За тоа докажуваат и проекциите на Светска банка, според кои земјата најдобро ќе се справи со економскиот удар од сите земји од регионот.

Владата покажа дека е подготвена да одговори на предизвикот, со мерките никој не е изоставен. Со релаксирање на критериумите и начинот на користење на минимална помош и брз влез во системот за социјална заштита и опфатот на ранливите групи граѓани за финансиска поддршка. Од 3 април имаме околу 970 нови барања за минимална помош и тие се решаваат тековно.

Во тек се преговори со Светска банка за нов проект за брзо дејствување против последиците од Ковид-19. Проектот е во износ од 90 милиони евра и има 2 компоненти – зајакнување на здравственит капацитети, а втората за поддршка на домаќинствата и паричен надоместок за оние кои ги изгубиле работните места.

Ова е време кога солидарноста треба да ја покажеме на дело. Кратиме таму каде што можеме и на намалување на платите. Веруваме дека сплотени ќе успееме да се избориме со сите предизвици кои се поставија пред нас. Никој нема да ибде заборавен, рече Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот