Битиќи уверува: Не доцниме со четвртиот пакет на економски мерки

Фатмир Битиќи / Фото: МИА

Не доцниме со четвртиот пакет мерки за ублажување на последиците одкорона-кризата, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Битиќи истакна дека процесот за креирање на мерките е целосно инклузивен и оти се разговара со коморите, синдикатите и со граѓаните со цел да се увиди како ќе биде најдобро секој денар на најадекватен начин да се адресира.

– Се подготвуваме за период од годината во кој очекувањето на светско ниво е дека ќе има нов бран кој можеби ќе има нови поголеми последици врз стопанството. Показателите укажуваат дека четвртиот квартал ќе биде клучен за надминување на економската криза годинава. Затоа мерките ќе бидат поткрепени со законски акти и ќе дојдат во момент кога на стопанствениците и на работниците. Со подготовките што ги правиме, сме во финална фаза, нагласи Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот