Битиќи: Угостителските објекти во недела ќе работат само една смена

Фатмир Битиќи вицепремиерот за економски прашања  во емисијата 24 Отворено потенцираше дека состојбата воопшто во Македонија е одраз на целото општество. Проблематично е дијалогот и тоа го немало до пред некоја година.

„Дијалогот кој се случува помеѓу синдикатите и рабвотодавачите сега е на високо ниво. Моментумот дека разговараме за секое легитимно прави на овете страни и отвараме тема. Се уште не сме дојдени до тоа работниците да ги уживаат привилегиите на работничките прави, но и работодавачите да се чувствуваат опуштено, во функционирањето. Ние како влада се обидуваме да направиме некој баланс помеѓу барањата. Сме на добар пат и се уште имаме добар пат да изодиме. Во врска со прогласување на недела за неработен ден од првиот ден кажавме дека тоа ќе биде направено на консултативен начин меѓу синдикатите и работодавачите, зошто не може да се направи системски проблем, кој бара промена на однесувањето кај сите чинители.“ вели Битиќи.

Битиќи истакна дека морало да се осигураат дека во недела ќе има нормален животен процес на сите кои нема да работат во недела. Потенцираше дека на угостителски објекти ќе им се дозволи  да работат во недела, но со одреден временски период и ќе им се доволи работа според законот за трговија на одредените дејности во трговија во трговските центри и притоа ќе им се лимитира времето на работење само во една смена од 10-18 часот и ќе плаќаат дополнителна давачка за работењето во недела до 2% од приходот заработен во неделата и тоа ќе оди наменски за градење на детски градинки. Зелените пазари ќе работат само каде се трговски поединци, вели Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот