Битиќи: Секој што направил злоупотреба со увезениот мазут ќе сноси одговорност

Владата вчера ги разгледала извештаите за увезениот мазут и индустриско масло, но дадени се насоки да се направи поопсежна анализа за последните десет години за сите компании кои увезувале во овој период.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска вети дека секој кој направил пропуст или злоупотреба ќе сноси одговорност без разлика дали се работи за институција или компанија.

– За жал, во првичните анализи се опфатени само дел од компаниите кои увезувале мазут или индустриско масло во периодот од последните две години. Дадовме насоки да имаме поопсежна анализа за последните десет години за сите компании кои имаат увезено мазут или индустриско масло и во моментот кога ќе ги добиеме сите информации, бидете уверени дека секој ќе сноси одговорност за тоа што го правел, без разлика дали е тоа Царинска управа, Пазарен инспекторат, Инсекторат за животна средина, министерство или компанија која увезувала, изјави Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на компанијата „Пејпер Мил” во Кочани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот