Битиќи: Ребалансот на Буџетот ќе биде заокружен до крајот на неделата, ќе се скрати што не може да се реализира

Фатмир Битиќи / Фото: МИА

Ребалансот на Буџетот ќе биде заокружен како процес до крајот на неделата. Ќе се крати она што очигледно нема да може да биде реализирано до крајот на годината. Можно е зголемување на дефицитот, а проекцијата за БДП е со пад од 4 отсто.

Ова го најави вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи денеска одговорајќи на новинарски прашања.

-Ребалансот на буџетот  ќе биде заокружен како процес до крајот на неделата. Ќе биде скратено сето она што  очигледно не може да биде изреализирано до крајот на годината, но тоа нема да биде голем товар на целокупното функционирање на државата. Мислам дека ќе се зголеми евентуалниот дефицит затоа што четвртиот пакет на мерки ќе одговара на потребите на граѓаните, а проекциите на Владата за стапката на БДП се дека годината ќе биде завршена со негатива од минус 4 проценти, изјави Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот