20.8 C
Скопје

Битиќи: Преку дијалог и меѓусебна соработка да креираме политики со кои ќе направиме конкурентен регион

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска во Белград присуствуваше на седницата на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) за Западен Балкан, со иницијативи за зголемување на конкурентноста на земјите од Западен Балкан наспроти меѓусебното конкурирање, јави дописникот на МИА од Белград.

Без заемна соработка регионот не може да направи исчекор, кажа Битиќи и додаде дека предизвикот што го имаме е дали ние како земји од регионот треба да си конкурираме или да направиме конкурентен регион. Ние како влади и пред се стопанствениците треба да смогнеме сили заедно да креираме услови и да бидеме дел од вредносниот ланец во глобалната економија, изјави Битиќи.

– Денес ќе иницирам цела низа на иницијативи кои би требало да одат во прилог на усогласување на политиките на земјите од Западен Балкан во привлекувањето на инвестиции, усогласување не само на политиките туку и работење во креирањето на вредностниот ланец на Западен Балкан, на потенцијалните инвеститори кои би дошле во одредена земја и со тоа да овозможиме еден покункурентен регион, наспроти целата глобална економија, но и како предизвик да се соочиме во постковид периодот, изјави за МИА вицепремиерот Битиќи.

Тој потенцираше дека Владата на С. Македонија во таа насока ќе се приклучи и со директна помош на иницијативите КИФ или со директно учество или со креирање на овозможувачка околина преку креирање на добри закони и политики.

Во функција на промоција на регионот како инвестициска дестинација, претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж најави заеднички настап на фирмите од регионот на Саемот на свилата во Шангај, на Дубаи Ехпо во повеќе сектори за кои се заинтересирани претпријатијата од регионот.

– Денес формиравме и Одделение за промоција на извозот и привлекувањето на инвестиции за земјите од регионот во рамките на КИФ, кое ќе ги умрежи контактите и компаниите за кои знаеме дека сакаат да инвестираат во регионот, не само во една земја туку и во другите земји од Западен Балкан, изјави Чадеж.

На состанокот присуствуваше и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азевски, кој е член на КИФ, како и претседателите на шесте стопански комори од регионот и членови на КИФ – Стопанската комора на Северна Македонија, Унијата на стопански комори на Албанија, Надворешно-трговската Комора на Босна и Херцеговина, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Србија и Стопанската комора на Косово.

Поврзани вести

Состојбата му е сериозна: Четиринаесетгодишно момче од Загреб испило литар вотка и завршило во болница

Катерина Стевовска

ВИДЕО | Заев: Ја враќаме довербата меѓу македонскиот и бугарскиот народ

Слободен печат

СЗО: Делта сојот полека станува доминантен во светот

Слободен печат

ВИДЕО | Ѓорчев: Бугарија има проблем со реалноста за постоењето на македонската нација и македонскиот јазик

Слободен печат

Санкционирани 83 возачи на автопатот Скопје – Велес поради брзо возење

Слободен печат

ВИДЕО | Трагедија во Перу: Во автобуска несреќа загинаа 17 патници

Слободен печат

Остави Коментар