Битиќи: Оперативниот лизинг е стандардна форма во целиот развиен свет

Оперативниот лизинг е стандардна форма во целиот развиен свет во која одржуваш добар возен парк, кој овозможува сигурност, и секогаш е поевтин отколку да купиш возило и да го амортизираш и понатаму да не знаеш што да правиш со железото кое ќе остане, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

– Правевме одредени анализи кои укажуваат дека товарот на евентуалното купување и одржување на возило е речиси двојно поголем отколку оперативен лизинг. Лично сум еден од корисниците на лизинг во изминатите 12 години, но има разлика кај физички и правни лица. Поволностите за правните лица се многу поголеми, се борам и сум се борел во минатото и за физичките лица да бидат исти, изјави Битиќи во одговор на новинарско прашање пред промоцијата на проектот „Национална платформа за женско претриемништво”.

Кога јас лично носам одлука за мене и за мојот личен буџет, посочи, се водам од принципите на ефикасност на средствата кои ги трошам, мојата безбедност и безбедноста на моето семејство затоа што тоа е најбитно, а се друго ќе се надомести.

– Сметам дека таквите параметри и сега беа водечки во одлуката Владата да набави нови возила преку оперативен лизинг, истакна Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот