Битиќи, Николовски и Бектеши во Солун на тркалезна маса за енергетска соработка

Фото: МИА

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за економија Крешник Бектеши, денеска во Солун ќе учествуваат на тркалезна маса на тема: „Регионална енергетска безбедност и соработка”, што ја организираат Федерацијата на индустрии на Северна Грција.

На тркалезната маса ќе учествуваат и државниот секретар на САД, Мајкл Помпео и министерот за развој, конкурентност, инфраструктура, транспорт и врски на Грција, Костис Хаѕидакис.

Предвидено е владина делегација да го посети и ИКТ технолошкиот парк во Солун и да има средби со неколку грчки компаниии, соопшти владината прес-служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот