-2 C
Скопје

Битиќи на средба со ССК: Владата е отворена за сите конструктивни предлози од бизнис секторот

Владата ќе биде отворена за сите конструктивни предлози кои произлегуваат од бизнис секторот, порачал вицепремиерот за економски прашања и координација на економските сектори Фатмир Битиќи на денешната средба со делегација на Сојузот на стопански комори предводена од претседателката Данела Арсовска.

На средбата, како што соопшти неговиот Кабинет, Битиќи потенцирал дека во моментот во фокусот на Владата е креирањето на сеопфатен и квалитетен четврт сет на мерки за поддршка на граѓаните и на стопанството, кој најдобро ќе ги рефлектира потребите на најпогодените групи за надминување на кризата предизвикана од Ковид-19.

– Поддршката на микро, малите и средни компании, кои се најважниот дел на нашата економија, ќе биде значителна, а особен фокус е ставен токму на оние сектори кои се најпогодени од кризата, истакнал Битиќи.

Прочитајте и...  Домот на Армијата во Тетово ќе биде управна зграда на Музејот на тетовски крај и мултимедијален капацитет

Според него, активно се работи и на мерки со кои, по завршување на кризата, економијата ќе расте со забрзано темпо.

За таа цел, плановите се да се поддржуваат старт ап компаниите и да се креираат мерки за поддршка за технолошки развој и воведување на иновации за да се подигне конкурентноста на фирмите на домашниот и меѓународните пазари.

Поврзани вести

На одбележувањето на 22-годишнината од масакрот во Речак целиот државен врв на Косово оддаде почит на жртвите, само Вилијам Вокер е отсутен за прв пат

Илинка Иљоска

ВИДЕО: Мигрантите во БиХ спасија жена од сигурна смрт

Илинка Иљоска

Холандската влада падна по скандалот што доведе до зголемување на невработеноста, банкрот и бројни разводи

И.И.

Шефот на иранската дипломатија Зариф: Планетата Земја ќе биде подобро место за живеење без Трамп

Слободен печат

ВИДЕО I Северна Кореја го покажа новото „најмоќно оружје“: САД се најголемиот непријател

И.И.

Прв контакт меѓу досегашната и идната администрација на САД: Мајк Пенс и честиташе на Камала Харис

Слободен печат

Остави Коментар