Битиќи: Фокусот на Владата ќе е на економијата, тоа ќе донесе подобар живот за сите граѓани

Владата во наредниот четиригодишен мандат ќе се посвети во најголем дел на економијата бидејќи тоа е нешто што ќе донесе подобар живот и стандард за секој еден граѓанин, вели вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи. Етничкиот клуч за вработување во приватниот сектор, додава, не одговара на модерна, развојна и конкурентна секономија, туку за тоа е најважна компетентноста и професионалноста.

Тој во емисијата Трилинг на ТВ 24 истакна дека во владината програма на страна 39 параграф три стои дека Владата ќе се осигура да креира афирмативни мерки за различните категории граѓани со различности во нашата економија, но, како што потенцира, ако заедно утврдиме дека како Влада не сме направиле доволно.

-Но, клуч по етничка основа не може да биде клуч кој што одговара на модерна, развојна и конкурентна економија, туку компетентноста и професионалноста  е клучот за сето тоа, рече вицепремиерот Битиќи.

Нашиот мандат, односно мандатот на оваа Влада во наредните четири години, потенцира тој, е да се фокусира на „економија, економија и економија” затоа што, како што рече, тоа ќе донесе подобар живот за секој еден граѓанин во Македонија.

Тој најави дека ќе има ребаланс на Буџетот поради новиот пакет антикризни мерки и оти државата повторно ќе се задолжи.

-Ребаланс секако треба да има, затоа што ние спремаме нов пакет на економски мерки, затоа што е тоа потреба на граѓаните, тоа е потреба на економијата за справување со економските последици од корона вирусот, рече Битиќи.

Според него, на задолжувањето на државата не треба да се гледа само низ процентуалната задолженост, туку оти е клучно дали со задолжувањето ќе се решаваат проблеми на граѓаните, дали средствата ќе се лоцираат токму таму каде е најпотребно или средствата од задолжувањето ќе се користат за непродуктивни и неефикасни трошења. Тој е уверен дека државата е во состојба да ги враќа и старите долгови и оние поновите.

-Велам да. Ќе може да се враќаат кредитите. Пред некој ден имавме дебата меѓу ресорните министри и заклучокот е едноставен. Има задолжувања со историски највисоки каматни стапки во изминатиот период. Денеска на меѓунардниот финансиски пазар има за пет пати поефтини кредити. Било кој и најнеук да е и да го водел само своето семејство, ако некој му каже дека има поефтини пари наспроти тие кои завчера, ќе ги земе поефтините за да ги рефинансира постоечките, затоа што заштедата ќе му овозможи да реши одредени проблеми, рече тој.

Според вицепремиерот, доколку денеска се направат две такви операции ќе се заштеди онолку колку ќе не чинат субвенцинирање плати во приватниот сектор за три месеци. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот