Битиќи: Добро е чувството да зборуваш на мајчиниот јазик, а никој да не ве гледа чудно (ВИДЕО)

Добро е чувството да зборуваш на мајчиниот јазик, а никој да не ве гледа чудно. Ова се вредностите на СДСМ. Разликата е голема. Дали беше возможно ова пред 3 години? Ќе зборувам за вредностите на социјалдемократите – таму тежи разликата која им ја нудиме на граѓаните: Еднакви можности, праведност и правичност, социјална правда и солидарност. Верувајќи во овие вредности успеавме и во време на пандемија од коронавирусот најдовме начин да помогнеме на секој еден граѓанин-истакна претседателот на Комисијата на финансии во СДСМ, Фатмир Битиќи, на централна трибина на коалицијата „Можеме“ во Скопје.

-Ако на почетокот на кризата ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека не сме спремни да одговориме на кризата , ние го поврдивме спротивното. Тие тврдеа дека 100 илјади ќе останат без работа. А ние, за жал, но соопштивме дека 15 илјади луѓе останале без работа-посочи Битиќи.

И не само тоа, тој истакна дека сега во време на криза невработеноста кај нас падна на 16.3% ,нешто што не се случило ниту во една земја. Како и дека изминатиов период беа искреирани мерки кои тежат 550 милиони евра, во БДП е 5%, тоа се мерки кои решаваат проблеми ,но гледаат и во иднината.

-Во 12 години, не задолжија 2.4 милијарди, или 23% од БДП а притоа ни оставија 25% невработеност, 18% од државата без канализација, без вода и со кал. Тоа е режимот, тоа е двојката ВМРО-ДУИ. Тоа е нивниот патриотизам ,за разлика од нашиот- посочи Битиќи.

Битиќи се осврна на мерките наменети за приватната потрошувачка, тоа се околу 70 милиони евра, нешто што никогаш не се видело е да 330 000 луѓе имаат придобивка од една мерка, тоа се платежните картички за 750 корисници. Во исто време 220 милиони евра се исспланираа за новата развојна економија. Тоа е време на криза, кога треба да се мисли на сите.

-Нудиме нова програма која се заснова на роботика, ИТ, дигитализација, а од друга страна имаме понуда на реиндустријализација, не зборувајќи за четвртата индустриска револуција, за странски консултанти, а ние имаме овде дома стручни и способни луѓе –истакна Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот