Биста на Тутанкамон продадена за 4,7 милиони фунти

Фото: BBC

Ретка биста на Тутанкамон стара 3.000 години е продадена на аукција во лондонската куќа „Кристи“, за 4,7 милиони фунти, додека надвор од зградата траеја протести на луѓе кои сметаат дека древното уметничко дело е украдено.

Станува збор за глава на египетскиот владетел Тутанкамон од неговата младост. Египетските власти претходно бараа враќање на артефактот во нивната земја, заедно со „Каменот од Розета“ што се чува во Британскиот музеј, и други предмети од древен Египет. Пред аукциската куќа имаше 20-на демонстранти со натписи „Египетската историја не е за продажба”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот