ВИДЕО | Бислимовски: „Копањето“ на криптовалутите ја зголеми илегалната потрошувачка на струја-увозниците на радиоактивен мазут треба кривично да одговараат

фото: Слободен печат

РКЕ кон крајот на минатиот месец ги доби барањата за цена од страна на МЕПСО за пренос на електрична енергија и од Електродистрибуција за дејсноста дистрибуција на електирчна енергија. Тие се две мрежни дејносости за кои РКЕ определува цена, додека останиот дел, како што се пазарните активности, набвавката на електрична енергија којашто универзалниот снабдувач ја прави на слободен паар, на кој што ЕЛЕМ има обврска да понуди најмалку 70% од своите потреби. Уште ги немаме конечните податоци, дека во текот на оваа недела ќе треба да се достават понуди за цена на ел. енергија за период од јули до 31 декември, така што ние како РКЕ која ја попределува цената не знаеме какква ќе биде цената која што ќе се понуди на овој трендер, така што шпекулациите кои се јавуваат во јавноста не се точни и некаде наредната недела, откако ќе заврши тендерот и ќе се достават понуди, РКЕ ќе излезе со конкретни бројки, изјави за Утрински брифинг претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимоски и додаде дека РКЕ влијае само на 38% од крајната цена, однсоно за пренос и за дистрибуција на ел. енергија, додека за набавка немаат влијание.

-Пазарот на ел. енергија во нашата земја е либерализиран и околу 55% одпотребите на ел. енергија се обезбедуваат на слободен пазар со билатерални договори, кои што помеѓу себе ги оппределуваат санбдувачите и потрошувачите и таму не влијаеме. Просечната цена на овој пазар изнесуваше околу 59 евра за мегават час во 2020, а сега во 2021 имаме сериозно зголемување на цената на ел. енергија на слободниот пазар и се должи на зголемувањето на цената на најрелеватната берза регионот – „Хупекс“ која е сместена во Будимпешта и некаде цената е од 75 евра за мегават час. Како репер, цената по која што ЕЛЕМ продава на ЕВН Хоум, изнесува 38,8 евра за мегават час и е далеку пониска од таа што е на слободниот пазар. Тој еден заштитен механизам кој го има во самиот Закон за енергетиката, најголемата државна компанија за производство на ел. енергија е да понуди цена за универзалниот снабдувач, пред се за домаќинствата. Тој заштитен механизам, функционира. Она што треба да се случи во наредниот перид е ЕСМ покрај тие продажби кои ги прави на регулираниот пазар ќе треба да биде поактивен на слободниот пазар на ел. енергија со цел да си обезбедува поголеми профити и да има можност за зголемени инвестиции, вели Бислимовски.

Да ги добиеме резултатите од тендерот кој ќе биде оваа недела и ние ќе излеземе со првични пресметки и со предлог решенија што би можело да се преземе за да не дојде до ценовен шок кај граѓаните, изјави Бислимовски и додаде дека бројките со кои лидерот на опозицијата лицитира (15 и 18%) нема шанси да се случат.

-Во овој момент трошокот за заштита на животна средина кој е утврден со Закон, а ние при носењето на цените за ната го применуваме е многу низок и изнесува 0,03 до 0,08 денари зависи за кој дериват станува збор. Ние сите збориме за здрава животна сртедина и претпоставувам интенцијата на Владата е таква да можат да се собираат повеќе средства кои би биле намесни трошени и ќе се користат пред се за обновливи извори за енергија во државата. И доколку се воведе ова, се уште ќе имаме најниска цена на дизелот во регионот и во Европа, додава Бислимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот