Бислимовски: Ќе одземаме лиценци на снабдувачи со струја кои незаконски раскинуваат договори

Марко Бислимовски / Утрински брифинг

Марко Бислимовски претседател на Републичката комисија за енергетика, водни услуги и справување со отпад за Утрински брифинг потврди дека во последно време се појавува тренд на раскинување на договорите за снабдување со струја од страна на приватни снабдувачи.

-Приватни снабдувачи и трговци со струја почнаа да ги откажуваат договорите со потрошувачите затоа што се потпишани во времето кога мегават час се наплаќал по 50 до 60 евра. Сега, поради трендот на постакување на струјата на пазарот на големо до 100-120 евра по мегават час, тие велат дека ваквите договори предизвикуваат загуба кај нив. Но, без оглед кога се потпишани договорите, тие мора да се почитуваат, вели Бислимовски.

Тој додава дека  секој договор може да се раскине еѓутоа снабдувачот има обврска под истите услови да продолжи да го снабдува со струја потрошувачот сѐ додека тој не си обезбеди друг снабдувач.

-Ние имаме 13 активни снабдувачи со струја, што е најмногу во регионот. Доколку неј од нив не ги почитува потпишаните договори со потрошувачите, ние како Комисија ќе покренеме прекршочна постапка, а доколку ни така не се реши проблемот, ќе преминеме на одземање на лиценците, рече Бислимовски за Утрински брифинг.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот